
Младата фолкерка Стојне Николова е во постојани работни ангажмани.
Таа особено во периодов е најангажирана со свои настапи низ целата наша земја. Со оглед на тоа што е многу повеќе надвор а многу малку дома, ја запрашавме како таа слободното време го користи за одмор.
-Тој слободен ден понекогаш знам да пуштам некое филмче да гледам. Да испијам кафе со пријателките. Да се видам со моето семејство, тие почесто доаѓаат тука. Со оглед на тоа што секојдневно настапувам и немам многу прилик да ја посетам Струмица. Моите почесто доаѓаат и сакам да седнам на ручек со нив, да се сетиме на некој убави моменти од минатото, вели Стојне.
Со оглед на тоа што Стојне е струмичанка, доаѓањето и блискоста со нејзините ја исполнува до максимум, како и фактот што таа е премногу поврзана со своето семејство.
-Многу ми значи да бидат присутни на снимања на видео записи, бидејќи најповеќе ми значи коментарот кој е искрен од нив. Мајками сега присуствуваше на Роса фестивалот, истакнува Стојне.
Стојне која долги години соработува со познатиот и реномиран музичар Бобан Мојсовски, за најлудата ноќ се резервирани во еминетната дискотека “Палма” во Швајцарија.
