
Застапени се околу дваесет години на музичката сцена, битолскиата група “Адути” кој помеѓу другото се
попознати и со женскиот вокал Деси, која во бендот е веќе шеста година. Како што откриваат од оваа година имаат и некои мали измени во поглед на своите членови.
-Од оваа година имаме и нови членови, Марјан и Николче. Маријан кој свири на кларинет и саксафон и Николче на тапани. Николче ни е бас, Драган- хармоника соло , Маријан -саксафон-кларинет, Николче- тапани, Игор –пејач, истакнуваат Деси и Игор.

Инаку “Деси и Адути” заокружуваат уште една успешна година на музички план. Секако бележат и бројни настапи низ целата земја, а најповеќе во битолскиот крај од каде што и потекнуваат.
-Успешно ја заокруживме и оваа година. Не снимавме нешто особено оваа година, меѓутоа бевме зафатени доста со свирки. Секој ден сме на работа. Во поглед на оваа година задоволни сме, вели Деси.
Неодамна “Деси и Адути” снимија и нов видео проект со познати македонски песни,во соработка со ИН продукција.
