Дарко Лазиќ и Марина го открија полот на бебето

Please follow and like us:
Pin Share

Пејачот Дарко Лазиќ со својата свршеница Марина Гагиќ очекува принова. Двојката поминува доста време заедно, а Марина му е огромна поддршка во неговото закрепнување по сообраќајната несреќа која ја доживеа во октомври годинава.

Тие овој пат се фотографираа заедно во новогодишни костими и соопштија кој пол ќе биде нивното бебе.

-Машко е! – напиша Марина на својот Инстаграм профил, а оваа убава вест ги израдува нејзините следбеници.

Избраничката на Дарко е многу често во бањата Миладиновац, каде пејачот закрепнува со физикална терапија за да може да стане од количка со која сега се движи.

Please follow and like us:
Pin Share