
Британскиот музичар Ед Шеран има многу успешна година зад себе во која заработи повеќе од кој било друг музичар во изминативе 30 години, објави списанието Variety.
Платформата Pollstar што ја следи концертната продукција и приходите остварени во неа, го објави годишниот извештај во кој се прикажува кои музичари имале најголема заработка од концертни турнеи во 2018 година.
На врвот на листата е турнејата „Divide“ со која Шеран годинава заработил 378 милиони долари.
Во 2018 година Шеран продал 4.860.482 влезници во 53 градови во кои одржал вкупно 94 концерти.
Тоа значи дека Шеран само од концерти заработува нешто повеќе од 1 милион евра на ден.
По него на листата следат Тејлор Свифт која со нејзината турнеја „Reputation“ годинава заработи 345 милиони долари и Џеј Зи и Бијонсе кои со турнејата „On the Run II“ заработија 254 милиони долари.
