Влатко Стефановски : Две семејни трагедии во една година

Please follow and like us:
Pin Share

Легендарниот гитарист Влатко Стефановски (61), воочи концертот во Загреб, за новиот број на магазинот „Глорија“ открива што му дава сила по двете големи трагедии во семејството.

Стефановски годинава се соочи со две, за него необјасниви приватни трагедии – губитокот на сопругата Гордана и братот Горан Стефановски, а утеха, како и многупати досега, пронајде во музиката.

Сопругата Гордана, која му беше животен партнер и најголема поддршка во изминативе 30 години, почина лани од последица на тешка болест. И покрај ударот на судбината, морал да остане цврст заради децата – ќерката Ана (30) која на Универзитетот во Падова, Италија, завршува докторски студии по италијански јазик и литература, и синот Јан (18), матурант.

Сè уште не успеал да закрепне од таа загуба, доживеал нова. За ненадејната смрт на четири години постариот брат Горан, дознал во текот на својата прва турнеја низ Австралија: драматургот Горан Стефановски, кој живееше и предаваше на Универзитетот во британскиот Кентбери, ја изгуби битката со туморот, на 27 ноември. Тој беше кремиран во Англија, а неговата пепел, по негова желба, ќе биде посипена во Охридското езеро. Влатко Стефановски оттогаш не објави ниту една фотографија и статус на социјалните мрежи, туку се повлекол во себе, бидејќи болката не сака да ја дели со другите.

Please follow and like us:
Pin Share