Модерато бенд при неодамнешното интервју истакнаа дека размислуваат за снимање авторска песна. Тие најавуваат уште еден проект во живо за месец декември.

Изминатиов период младите момци од “Модерато бенд”-Кавадарци, во соработка со ИН Продукција го снимија нивниот прв видео проект со кавер везии на познати македонски народни и забавни песни. Од бендот истакнаа дека не ја исклучуваат можноста за снимање на авторска песна за скоро време.
-Па да, нормално како и секој бенд и секој млад пејач, размислуваме за наша авторска песна, но полека. Се мора да е постепено, бидејќи набрзина неможе ништо. Имаме некои преговори, но ќе видиме како ќе излезе, можно е наредната година да излеземе со наша авторска песна.-вели при неодмнешното интервју, Дане Ќосески, вокал на бендот.

За кон крајот на годинава, од бендот најавуваат снимање на уште еден проект во живо.
-Нашите планови за понатака сега засега, колку што имаме разговарано со момците, ни се пред Нова година уште еден ваков проект во живо, значи да напоменам дека сите овие песни и орото се снимени во живо. Планираме уште еден ваков проект да снимиме во месец декември пред Нова година. Тоа ни се плановите, па ќе видиме како ќе излезе со време и други работи, но мислам дека ќе се оствари.-додава пејачот.
Инаку, Модерато бенд се добропознати во Тиквешкиот регион по големиот број настапи на семејни прослави и свадби.
