Ташко најбаран пејач пред македонците во Шведска

Please follow and like us:
Pin Share

По низата бројни работни ангажмани фолкерот Ташко Каранфиловски во овој период најавува крток одмор,

за веднаш потоа да продолжи со поинтензивни настапи. Ташко својот новогодишен ангажман кој го имаше во Гетеборг, Шведска беше заедно со својата вереничка Мартина а своите импресии ги пренесе и во емисијата кај нас.

-Беше прекрасно. Блгодарение на сите кои не пречекаа прекрасно. Стекнавме  и повеќе пријатели таму, ги поздравувам сите, истакнува Ташко.

Ташко, може да се каже дека е чест гостин во Шведска со низа настапи во повеќе градови во оваа земја. Имено, тој е доста баран пред македонците во оваа дијаспора.

-Претежно ја негуваме нашата македонска музика.  Има исклучоци каде што има желби и на други музики од соседството, меѓутоа тоа е во мал број и се надевам дека се задоволни нашите гости кои се таму и присуствуваат. Се надевам дека и од мене се задоволни што ете толку пати, околу дваесетина пати сум Шваедска, Данска, истакнува Ташко.

Ташко за периодов кој следува најавува снимање на нови песни како и дует песни , а секако нема да изостават и снимањата на нови видео записи.

Please follow and like us:
Pin Share