КАРОЛИНА ДОБИ СТАТУЕТКА ЗА НАЈДОБРА ЕТНО НУМЕРА

Please follow and like us:
Pin Share

Каролина Гочева беше единствениот претставник од Македонија кој настапуваше на спекталот во Штарк Арената, Music Awards Ceremony.

Каролина ја освои наградата за најдобра етно нумера, а за статуетката се пофали пред целиот регион. Наградената песна „Ти не дојде“ таа ја изведе на импресивната сцена која остава без зборови.

Оваа емотивна балада од последниот албум на Каролина „Извор“ беше селектирана како најдобра од својата категорија, а Гочева блесна облечена во модерна комбинација со француски шмек сочинета од светкав корсет и црни панталони.

Инаку, овие музички награди се одржуваат за првпат и го привлекоа вниманието на целиот регион. Музичари од Србија, Црна Гора, Хрватска, Босна и Херцеговина и Македонија ја дадоа својата поддршка за постоењето на една ваква манифестација. На сцената се појавија 60 ѕвезди од регионот, а меѓу наградените беа и „Парни ваљак“ (Најдобра рок песна), Жељко Јоксимовиќ, Раста, Емина Јаховиќ, Јелена Карлеуша, Тони Цетински, Марија Шерифовиќ, Жељко Самарџиќ (за придонес во музиката), Петар Грашо, Јелена Розга и други…

Церемонијата можеше да се следи и во живо, бидејќи беше овозможен live stream, a како што пренесуваат српските медиуми, истата била проследена во салата од 15.000 луѓе.

Настапот на Каролина погледнете го во видеото во продолжение на  04:09:03 !

Please follow and like us:
Pin Share