Саксофонистот Даниел Божиноски подготвува нови инструментални дела

Please follow and like us:
Pin Share

Во краток временски период промовираше две негови инструментални дела, “Алтано Оро” и “Дандо Са Са”. Младиот саксофонист Даниел Божиноски најавува нови инструментални дела кои ќе бидат во поразличен стил од досегашниот.

Саксофонистот Даниел Божиноски важи за релативно млад музичар, кој што соработува со бројни музички имиња од македонската естрада. Заедно со нив настапува на повеќе места низ Македонија, но најчесто е ангажиран во Западниот дел од нашата земја.

-Настапувам со повеќето од музичарите, најчесто со Дамјан Стојаноски, Спасен Силјаноски, Христијан Тришоски и многу други, но најчесто со нив. Најчесто ме има во западниот дел од Македонија. Во Кичевскиот регион, Охрид, Струга, но понекогаш имам ангажмани и Скопје, Гостивар.-вели Даниел, при неодамнешното гостување во ИН ТВ.

Младиот музичар за следниот период најавува уште неколку нови инструментални дела.

-Ќе има различни стилови. Планирам да снимам уште неколку нови дела, неколку народни ќе има, но и некои балади за уживање. Ќе бидат во скоро време тие, ќе ги слушне публиката.-додава тој, за естрадниот магазин “Естрада плус”.

Даниел во изминатиов период промовираше видео записи за неговите две инструментални дела. Неговото прво музичко дело носи наслов “Алтано Оро”, додека второто е насловено “Дандо Са Са”. Двата видео записи ги изработи ИН Продукција.

Please follow and like us:
Pin Share