Големи вљубеници во македонската песна, момчињата од “Модерато” бенд

Please follow and like us:
Pin Share

Бендот “Модерато” го сочинуваат млади и мошне талентирани момчиња кои прават успешни и цврсти чекори во музичката сцена. Имено бендот го сочинуваат пет члена, кои секој за себе се со специфичен музички карактер кон својот инструмент.

-Трајче Јанев –бас, Трајче Гогов –хармоника, Диме Трајкоски-кларинет и Менде, тој е нов наш член од скоро ни е на ударни инструменти, истакнува вокалистот Дане.

Сепак, преголемата желба кон музиката ги спојува овие млади и надежни момчиња да се соберат и да творат македонска песна.

-Успеваме и покрај тоа што сега новиот член ни е од страна а и Трајче учи во Штип, малку ни е тешко но се собираме за проби. Мора да се собираме, правиме секакви напори за да функционираме, истакнува Дане

“Модерато” минатата година имаа нов видео проект кој го изработија со ИН продукција а како што најавуваат нема да застанат тука, туку напротив ќе продолжат со создавање на нови авторски дела.

 

Please follow and like us:
Pin Share