Еден од најдобрите машки вокали во Македонија, Ѓоко Јовиќ е татко на три деца. Тој во ексклузивно интервју за “Естрада плус” проговори за нивниот талент и љубов кон музиката, а ни откри дека наскоро ќе излезе и неговиот кавер со ќеркичката Теодора.

Дека крвта не е вода, доказ се децата на еден од најдобрите машки вокали во нашата земја, Ѓоко Јовиќ. Љубовта кон музиката ја наследиле од својот татко, а како доказ се видеата кои Ѓоко често ги споделува на социјалните медиуми, видеа на кои никој не би останал рамнодушен.
-Јас морам да признаам дека Теодора е тотален слухиста, исто и Михаил. Јоан има две и пол години, но веќе покажува огромни амбиции кон музиката. Мислам дека кај него се случува од сабајле, неговиот ден започнува вака : Се буди, телефонот го зема и го поврзува со телевизија и цел ден тој тука игра и пее. Така тој си поминува буквално секој ден.-открива Ѓоко, за естрадниот магазин “Естрада плус”.

Периодов, Ѓоко и неговата ќерка Теодора, подготвуваат кавер на познатиот хит “Ципеле”, кој што треба да излезе во најскоро време.
-Па да, снимаме еден кавер кој што моментално е голем хит, песната се вика “Ципеле”, добропозната на публиката, барем онаму кадешто гостувам знам дека ја знаат. За многу брзо време ќе излезе тој кавер во кој што ќе се појави мојата ќеркичка Теодора, таму кај што пее и морам да признаам и да ја пофалам дека извонредно отпеа.-вели Јовиќ за гледачите на ИН ТВ.
Во едно сме сигурни. Ѓоко е навистина горд татко, бидејќи има кој да го наследи, а повеќе од јасно е дека Теодора, Михаил и Јоан ќе тргнат по неговите стапки. И не за џабе рекле, кој пее-зло не мисли…
А како звучи дует татко-ќерка слушнете во продолжение !
Za Veligden #LiveZa #Stojka_i_Krisko
Gepostet von Gjoko Jovik am Dienstag, 22. Januar 2019
