Од “Чардак” годинава најавуваат нови авторски песни

Please follow and like us:
Pin Share

Ако минатата година ја заокружија со јубилејниот нивни концер кој го реализираа пред охридската публика,

групата “Чардак” за оваа година најавува своја автроска песна. Како што вели Златко од групата “Чардак” годинава повеќе ќе се насочат кон творење на нови авторски песни.

-Публиката за оваа година да очекува сигурно авторска песна. Имавме и на концертот преработки на стари песни. Проектот го знаете што го имавме и со Анета Наковска и со Елена Велевска и нашиот проект преработка на наши песни. Од оваа година задолжително влегуваме во студио и ќе снимаме авторски песни. Можеби и на некој фестивал, но за тоа потоа, истакнува Златко од групата “Чардак”.

Со оглед на нивната автентична староградска музика која ја негуваат, групата “Чардак” се постојани на охридската ривиера каде што впрочем се и најповеќе барани.

Please follow and like us:
Pin Share