Анита и “Болеро” бенд продолжуваат со македонски песни

Please follow and like us:
Pin Share

По нивната заедничка песна на македонски јазик “Само ти”, Анита и група “Болеро” најавуваат уште многу

плодна музичка соработка. Нивната песна ја промовираа во ИН продукција и како то вели Анита и покрај тоа што е србинка се повеќе ја сака македонската музика и сака да ја пее токму истата. Засега соработката со групата “Болеро” продолжува и понатака и покрај неколкуте години поминати заедно со нив,Анита на одличен начин се вклопи во овој бенд.

-Засега ништо не се знае. Кај мене се’ се случува така одеднаш. Ова е една многу добра македонска песна, вели Анита.

Околу тоа како дошло до соработка со Анита, од бендот “Болеро” откриваат:

-Музичка љубов. Анита ја запознав преку колегата Предраг, па така почнавме да соработуваме на музички план, вели Горан.

Инаку нивната соработка и ангажмани се доста барани низ целата наша земја,а бележат и настапи тука во Охрид.

Please follow and like us:
Pin Share