После 35 години од последната објавена песна на култната шведска поп-група “АББА“, во втората половина на оваа година ќе бидат промовирани 2 нови синглови.

Како што вели еден од членовите на легендарната група, Бени Андерсон, едната песна ќе биде во стилот на поп хитовите од 70-те, а другата ќе има безвременски звук.
Во април 2018 година, за прв пат после распадот во 1983, членовите на “АББА“ повторно се вратија во студио во Стокхолм. Првично беше најавено дека една од песните ќе биде промовирана во декември 2018 година во телевизиски специјал, но е одложено поради правни проблеми.
„Сеуште се обидуваме да постигнеме договор за авторските права за да можеме да продолжиме со работа, ако се постигне договор можно е да снимиме уште една песна годинава“ – изјави Бени Андерсон, еден од четирите членови на “АББА“.

