Ѓоко Јовиќ и Енерџи бенд најавуваат вистински спектакл на Австралиската турнеја

Please follow and like us:
Pin Share

При крај се со подготовките за престојната Австралиска турнеја. Ѓоко Јовиќ и Енерџи бенд овој пат за тамошната публика ветуваат новитети на нивните концерти и забава која вечно ќе се памети.

Ѓоко Јовиќ и Енерџи бенд, кои важат за едни од најбараните на нашите простори, но и надвор од земјава, на големо се подготвуваат за престојната Австралиска турнеја. Заминуваат на почетокот на месец февруари, а таму ќе останат скоро два месеци и ќе остварат бројни концерти во повеќе градови низ Австралија.

-Заминуваме сега на 3ти или 4ти февруари, таму сме до 30ти март. Така да воедно да си ги поздравам сите во Австралија, се гледаме за скоро и ќе пееме, ќе се забавуваме на нашите концерти како и секогаш.-истакна Ѓоко, при неодамнешното интервју за ИН ТВ.

Јовиќ за гледачите на ИН ТВ открива дека овојпат на турнејата понесуваат бројни новитети и дека нивните концерти ќе бидат поразлични од претходните. Ветуваат луда и незаборавна забава за сите нивни обожаватели и сите македонци кои живеат во Австралија.

-Секогаш ние внесуваме новитети, но внесуваме и новитети на нашиот однос таму кон публиката, зборувам за нашите амбиенти како ќе се одвиваат таму. Сега имаме специјално нешто смислено за нашата публика да може поразлично да ужива. Кога бевме претходно, ова ни е 5ти или 6ти пат во Австралија, првиот, вториот и третиот пат одевме со зурла, гајда и тапан, сега морам да кажам дека ќе биде многу поразлично, но нема сега да откријам, ќе оставам да биде како изненадување и ќе се види на самиот концерт.-додава тој, за естрадниот магазин “Естрада плус”.

Инаку, пред само неколку денови Ѓоко го промовира спотот за неговата најнова песна која ја посветува на македонците ширум светот, а е насловена “За Велигден”. Спотот кој што веќе има над 50 илјади прегледи на јутјуб каналот, го изработи ИН Продукција, а премиерно беше емитуван и промовиран на сателитската ИН ТВ.

Please follow and like us:
Pin Share