После “Слободно” Гордана најавува балада

Please follow and like us:
Pin Share

Минатата година ќе и остане запаметена по нејзината прва сингл песна “Слободно”, која е многу добро прифатена од публиката. Станува збор за млада и особено музички талентираната Гордана Костоска, која се повеќе навлегува во музичката сцена.

-Таа песна музиката и текстот се на Љупче Василев а аранжман Дејан Момироски и морам да го спомнам и Енис, свирач на саксафон, истакнува Гордана.

За оваа година Гордана најавува балада, еден поинаков музички правец.

-Понатака ќе следуваат и спотови и други песни. Се надевам и албум, би сакала да издадам, но за тоа понатака има време, додава Гордана.

И покрај шареноликоста во нејзиното музичко делување, Гордана не крие да истакне дека многу повеќе и лежи поп музиката. Сакам македонска музика, ги сакам многу тие песни, доста ги сакам и старите евргрин песни кои се кај нас, додава Гордана.

 

Please follow and like us:
Pin Share