
Ѓоко Јовиќ во соработка со ИН Продукција го промовираше неговиот најнов спот за песната насловена “За Велигден”. Освен тоа што ќе ве наежи, песната има толку длабоко емотивна приказна што ќе ве расплаче, а посебно ќе допре до македонците кои од одредени причини ја напуштиле својата земја.
Нема македонец кој би останал рамнодушен и кој не би заплакал на оваа преемотивна песна, посебно оние македонци кои живеат надвор од земјава. Ѓоко Јовиќ со неговиот најнов спот за песната “За Велигден” ќе допре до сите ваши срца.
Во спотот е вметнато и неговото семејство, односно неговите три дечиња Теодора, Михаил и Јоан, неговата сопруга Ивана и нивната баба која е главниот лик. Сите тие многу природно и со премногу чувства ќе ви ја пренесат целата приказна на песната.
Спотот се снимаше во домот на Ѓоко и Ивана во Скопје и во домот на нивната баба.
Видеото го изработи ИН Продукција, а може да го погледнете во продолжение !