По успешната австралиска турнеја која ја имаа реномираните Анета и група “Молика” тие најавуваат и
понатака интензивна музичка соработка. За годинава не најавуваат некоја друга поголема турнеја туку како што истакнува Анета, претежно ќе бидат стационирани во Македонија.
-Во 2019 година ќе бидеме стационирани во Македонија, со нашите семејни прослави, ќе бидеме таму. Имаме некоја турнеја по европските земји а за прекуокеанските земји тоа ќе биде за Нова година, сеуште не се знае, претпоставувам ќе биде или Канада или Америка, така да летниот период ќе бидеме во Македонија, истакнува Анета Мицевска.
Што се однесува на професионален ,музички план Анета со став, што би правеле доколку не би снимале нови песни.
-Нормално, мораме да им презентираме нешто ново на нашата публика. Секако ќе има и дуети , па се надевам дека Гоце ќе направи уште еден дует за нашиот најнов албум, додава Анета.
Инаку годинава Анета и Гоце Птерески ја започнаа со нова дуетска песна, за која снимија и видео запис во Австралија, а песната носи наслов “Љубовта е сила, моќ”.