Ѕвездата го прифати предизвикот, но никој не го позна : Препознавате ли кој e?

Please follow and like us:
Pin Share

На социјалните мрежи има нова играчка. Најпопуларната и најраспространетата од нив – „Фејсбук“ на своите корисници им понуди нов предизвик: постирај фотографија како изгледаш денес и како си изгледал пред десет години.

Еуфоријата со „Доријан Греј“ синдром не ги заобиколи ни познатите, па така многумина од нив се приклучија кон мнозинството, прифаќајќи го предизвикот да се покаже колку си останал млад или остарел, колку времето ти оставило или не ти оставило трага на лицето, а годините (не) те промениле…!?

Македонските јавни фаци, познати лица, естрадни и ТВ ѕвезди… се исто така дел од новиот предизвик на (не)препознатливост низ времето.

Еден од нив е и Влатко Лозаноски. Само што додека другите горе-долу ги препознавате на прва, на онаа најновата и фотографијата од пред една деценија, за Лозано тешко ќе откриете дека е тој. Долга коса, бумбареста физиономија, бејбифејс лик, без ниту едно влакненце и брада… Друго дете!

Фотографијата како што напишал му е не од пред 10 туку од пред 15 години, некаде од училишните денови, а на неа тој е речиси непрепознатлив.

А предизвикот наречен „Десет, порано“? На Лозано и онака во моментов природно му одговара бидејќи се поклопува со насловот на неговиот трет студиски албум по ред, „Десет“ кој штотуку излезе во јавноста и е во фаза на промовирање.

Please follow and like us:
Pin Share