“Модерато бенд” со успешен проект заокружуваат позитвна година

Please follow and like us:
Pin Share

Со повеќе музички проекти момците од “Модерато бенд” ја заокружуваат годинава што изминува. Како што истакнува Дане, вокал од бендот, годинава ќе ја паметат по сработениот проект .

-Две песни изведовме и тука во тој проект и еве завршуваме работно, предновогодишно. Здравје за 2019-та планираме нешто ново, да не откриваме сега нека биде како изненадување во следната година, истакнува Дане.

Помеѓу другото, “Модерато бенд” годинава бележеа бројни настапи на свадби, свечености и други веселби, како низ Кавадарци така и околината. Воедно и за најлудата ноќ се веќе резервирани во угостителски објет во Кавадарци. Бендот брои пет члена.

-Ние сме пет души. Јас сум вокал, Трајче Јанев на бас, Трајче Гогов-хармоника, Диме Трајкоски-кларинет и Менде, тој е нов член од скоро на ударни инструменти, додава Дане.

И покрај големата зафатеност на момците кој во поглед на учењето а кој од поодалечено место, сепак заедничката желба кон музиката многу цврсто ги обединува овие момци да се соберат на едно место и да творат македонска песна. Годинава тие бележаа и плодна соработка со ИН продукција.

Please follow and like us:
Pin Share