
Убава 2018-та година, исполнета со бројни настапи и ангажмани имаат и Екстра бенд плус од Кавадарци. За следната година тие најавуваат проект со ИН Продукција, настап на некој од македонските фестивали и уште многу активности.
Екстра бенд плус од Кавадарци беа дел од Новогодишното шоу кое што го организираше ИН Продукција. Овој бенд важи за еден од најангажираните во нашата земја, а покрај настапите на семејните прослави, често можат да се видат и низ локалите во Тиквешкиот регион. При интервјуто за ИН ТВ тие истакнаа дека се презадоволни од 2018-та, а се надеваат дека наредната година ќе биде уште поуспешна.
-Ние во 2018-та поминавме топ и сеуште имаме доста ангажмани, свадби, крштевки и други веселби. Се надевам дека 2019-та ќе биде уште поуспешна, па се надеваме дека ќе направиме еден добар проект со ИН Продукција.-истакна Пеце Јовев, еден од членовите на бендот.
Покрај проектот кој што сакаат да го работат со ИН Продукција, тие откриваат уште неколку нивни планови за следната година, од кои што и фестивалски настап.
-Други наши планови се тоа што сакаме да излеземе на некој од фестивалите, дали Роса Фест, дали Валандово сеуште незнаеме. Истотака да направиме и еден проект со наши колеги од естрадата и еден чекор погоре.-додава Јовев.
Како и останататите бендови и музичари, така и Екстра бенд плус од Кавадарци, Новогодишната ноќ ќе ја поминат работно во нивниот град.