
Институтот за бои “Пантон” веќе објави дека најпопуларната боја за 2019-та година ќе биде интензивна корална, а славните личности не чекаа долго и веднаш ја применија во своите изгледи.
Меѓу првите беше славната манекенка Џиџи Хадид која одлучи да облече целосно корална комбинација од панталони, сако и долг кожен мантил.
Нешто подоцна во целосно корална нијанса се појави и светската поп-дива Џенифер Лопез. Дали таа се инспирирала од манекенката или комбинацијата е сосема случајна, не знаеме, но јасно е дека и на ѕвезда како Џеј Ло, може да и се случи ова.
Фановите се оние кои што забележуваат се, па нивното будно око не ја пропушти ниту оваа сличност.