
Швеѓанката со македонско потекло, Оливера Василевска го комплетира нејзиното прво цд на кое што има вкупно осум песни. Станува збор за две авторски песни и преработки на шест стари македонски хитови.
Во пресрет на Австралиската турнеја, младата фолк пејачка Оливера Василевска го комплетира нејзиниот прв албум.
На албумот има две авторски песни, нејзините два големи хитови “Ти си за мене” и “Љубов голема”, како и преработки на шест стари македонски песни.
-Конечно е готов мојот прв албум. Навистина сум среќна што успеав да го комлетирам пред моето заминување за Австралија. Очекувам дека песните ќе им се допаднат на слушателите и дека албумот ќе биде добро прифатен од јавноста.-изјави Оливера за естрадниот магазин “Естрада плус”.
Младата пејачка стана позната по нејзината прва песна “Ти си за мене”, која беше одлично прифатена во дијаспората и сеуште се пее
Оливера заедно со група Тандеми, во почетокот на 2019-та година ќе ја остварат долгонајавуваната Австралиска турнеја која што поради оправдани причини беше одложена.