Христијан заокружува успешна работна година на музичко поле

Please follow and like us:
Pin Share

Младиот и музички талентиран Христијан Стојоски од Охрид, успешно напредуваше низ целата година со свои бројни музички новитети во неа. Тој е задоволен од сработеното , а за следната најавува уште повеќе музички дела.

-Оваа година доста сработивме, претежно преку лето. Исто како и останатите музичари така и јас, со многу ангажмани. Се надевам дека следната година ќе биде уште по бериќетна , а за новогодишните празници сум во “Кам вилиџ” хотелот во Охрид, истакнува Христијан.

Инаку годинава Христијан обработи една стара македонски песни, во понов аранжман, како и промовираше нова, авторска песна.

-Обработив две песни , “Срце ми гори Јано” и “Командире мили брате”. За едната снимив и видео запис  а за другата најверојатно наредната година, вели Христијан.

За следната година овој млад охридски музичар најавува нови планови и реализации.

Please follow and like us:
Pin Share