
12.12.2018 е големиот ден за пејачката Тамара Тодевска и нејзиното семејство, денот кога на свет дојде бебето Дарен.
Тамара и сопругот Александар станаа родители по вторпат, а нивната ќеркичка Хана си доби браче и наедно најубавиот новогодишен подарок.
Мама Тамара веднаш по породувањето среќната вест ја сподели со својата армија следбеници, обожаватели и пријатели на социјалните мрежи, а честитките се редеа до недоглед.
Веднаш откако дојде на свет, Дарен ја имаше и првата фотографија заедно со мама која го покри неговото лиценце со симбол од срце, а нешто подоцна сподели уште една фотографија од нејзината рака и малото раче на Дарен.