
Познатото фолк име Ташко Каранфиловски годинава ја заокружува максимално работно со нов издаден албум. Помеѓу другото тој снимаше и неколку видео записи, а бројни беа и неговите настапи како во нашата земја така и надвор од неа, особено во Шведска.
-На музички план тоа што го извадив мојот втор албум, исто така и неколку видео записи заедно со ИН продукција. Премногу сум заблагодарен и исто така можам да кажам дека оваа година достигнав многу успех со тие видео записи што ги изработив заедно со вашата продукција, истакнува Ташко.
Континуирана работа Ташко најавува и за следната година, особено со нови песни. Се надеам дека ќе биде за неколку месеци готово и ќе биде она вистинското што публиката го очекува од мене, додава Ташко.
Инаку деновиве Ташко е дел и од новогодишна емисија во Босна, каде е отиден таму по покана на блиски музички соработници.
Покрај максималниот професионален труд кој постојано го вложува во себе, за следната година Ташко на приватен план ќе ја реализира и најавената свадбена церемонија со својата избраничка Мартина. Неодамна како што информиравме, веќе го официјализираа и кумството со својот колега Благојче Стојаноски Туше, кој двајцата ги поврзува местото од каде потекнуваат, градот Ресен.