
Како што кажаа така и направија.
Триото од “Фриц брадрс” кои неодамна при гостувањето во ИН продукција најавија снимање на спот за нивната нова песна, веќе го обработија своето. Деновиве се сними спотот за песната “Свадба јас да направам”. Спотот се снимаше на скопски терен, поточно скопскиот хиподром, каде покрај бројните статисти во спотот се искористија и преубавите пејсажни слики од хиподромот, со убавите и горди животни на овој простор, коњите. Од “Фриц брадрс” не ко криеа задоволството од сето сработено и вложениот труд.
-Сме задоволни многу. Имвме неколку сцени , малку тешки ама ги направивме да бидат лесни, со коњи, труби, кафана. Навистина сум презадоволен, искрено од ИН продукција, презадоволен, истакна Владо, веднаш по завршетокот на снимањето.
Намерата и желбата да се сними еден ваков спот, траеле од поодамна но, како што вели Владо токму сега се споиле коцките и дошло до негова реализација.
-Имав желба одамна да снимам некоја трибачка песна. Се мислев како, што, ама ете самата дојде. За три дена ја направив оваа песна, ја нашишав. Кант –автор сум јас, текстописец, музика и аранжман. Поздрав и до “Амет” студио , многу убаво и сум презадоволен, истакнува Владо.
Од “Фриц брадрс” најавуваат снимање и на нов спот за нивната “Пеј песно” а за следната година најавуваа и издавање на еден нов албум со свои песни.