Мулти бенд со нов пејач, но и нова песна

Please follow and like us:
Pin Share

Стојанче Гочевски-Цоци е новиот вокал на Мулти бенд. Ексклузивно за “Естрада плус” тие откриваат дека имаат нова песна, а истата ќе добие и спот кој ќе биде во соработка со ИН Продукција.

Мулти бенд доби нов машки вокал. Станува збор за пејачот Стојанче Гочевски-Цоци, кој потекнува од Велес и е долги години на македонската естрада.

-Цоци зад себе има долгогодишно музичко искуство, се познаваме подолго време и решивме дека сега е моментот да започнеме една соработка, за која што се надеваме дека ќе трае долги години. Така да, од овој момент па натаму Стојанче-Цоци ќе биде дел од Мулти бенд.-велат од бендот, за естрадниот магазин “Естрада плус”.

Мулти бенд ексклузивно за “Естрада плус” откриваат дека имаат нова песна која носи наслов “Свадба ќе правиме”. Станува збор за свадбарска песна, како што кажува и самиот наслов. Аранжманот на песната го направи Роберт Јосимовски, клавијатурист во бендот, кој во меѓувреме покрај оваа песна, подготвува уште една. Текстот за песната “Свадба ќе правиме” го напишаа Влатко Китановски и Ферки Мемедов, членови на бендот. Песната е снимена во студио “Дени” во Скопје, а во најскоро време истата ќе имаат можност да ја слушнат и гледачите на сателитската ИН ТВ.

Од бендот се надеваат дека ќе добијат позитивни коментари и дека песната ќе помине добро кај гледачите и јавноста. Додаваат дека песната ќе добие и спот, кој ќе го работи веќе проверениот тим од ИН Продукција.

Please follow and like us:
Pin Share