Универзал бенд најавуваат голем број новитети

Please follow and like us:
Pin Share

Успешна турнеја во Швајцарија остварија момците од Универзал бенд. Тие за следниот период најавуваат авторски песни, видео записи, како и нови кавери.

Универзал бенд периодов имаат бројни настапи низ Швајцарија. После успешната турнеја тие најавуваат нови авторски песни за кои што планираат да снимат видео записи. Како што велат од бендот, видеата ќе бидат во соработка со ИН Продукција.

Во меѓувреме Универзалци подготвуваат кавери на познати хитови, а јавноста и нивните фанови во најскоро време ќе имаат можност да ги слушнат истите на социјалните мрежи.

Тие се презадоволни од нивните досегашни ангажмани, а за во иднина очекуваат нивните настапи да се зголемат.

Please follow and like us:
Pin Share