
На повидок нова музичка соработка помеѓу Дејан Добревски и Тино. Музичари кои подолго време се застапени на македонската музичка сцена, особено преку фестивалски настапи и песни.
Тино кој доаѓа од бугарската бранша, веќе подолго време ја пропагира и негува македонската музика, а за тоа говори и неговиот издаден албум со македонски песни. Нивното спојување било токму преку ИН телевизија, каде се пронашле двајцата во истиот музички правец кој ги соединал. За прв пат преку вашиот медиум ме забележа Тино и стапивме во контакт, појаснува Дејан.
-Претходно, знаат и гледачите и дијаспората работев десет години како самостоен естраден уметник и водев самостојна музичка кариера, без никаква менаџерска поткрепа. Освен со “Сенатор мјизик”, каде десет години бев поврзан со нив, бев нивни екслкузивец, со два студиски албума, по кој што ме памети публиката. Едниот е “Пуста да е Австралија” и вториот “Мојата љубов”. Третиот албум е во најава и подготовка и тоа е најново од нас. На него ќе има балканска музика , каде што пеам на повеќе јазици, вели Дејан Добревски при неговото гостување во ИН продукција.
Желбата да се соработува како што појаснува Тино, е исто како и во љубовта, или има или нема хемија. Песната носи и доста ексцентричен наслов “Секси Аполон”, а како што вели Тино, комплетно му легнала на Дејан.
-Задоволен сум од Дејан. Тој бараше промени во поглед на стајлингот, а јас ја имав можноста да се пројавам како композитор во неговата прва песна која ја пее на бугарски јазик. Исто така сум и текстописец на песната и сум презадоволен од начинот на кој што Дејан ја пее песната, истакнува Тино.
Како што најавија Тино и Дејан, за брзо време ќе следи и снимање на видео запис за оваа песна.