
Популарната пејачка Елена Ристеска ги израдува фановите со нова песна, која ја промовираше заедно со спот.
Елена Ристеска и изведувачката куќа со гордост го претставија видеото за новата песна “Сила за крај”. Како автор на музиката и текстот, е потпишан познатиот пејач Сергеј Четковиќ , а гласот на Елена освојува уште при првото слушање.
Ристеска е препознатлива по моќниот глас кој не го остава никого рамнодушен, а оваа поп-балада ја отпеа со посебна емоција.
Во видеото покрај другите, се појавува и познатиот водител Ване Маркоски.