Јелена Карлеуша го прекина одморот, поради концертот на нејзината пријателка Марија Шерифовиќ. Таа за оваа прилика облече црн проѕирен фустан кој одлично ја истакна нејзината совршена фигура.
Пејачката Марија Шерифовиќ вчеравечер направи концерт во Штарк Арената, кој се очекуваше долго време.
Многубројните фанови, но и познати личности беа дел од спектаклот, а меѓу нив и Јелена Карлеуша, која го прекина својот одмор за да дојде на концертот. Колешката и пријателка на Марија Шерифовиќ, кажа дека се радува за шоуто и дека не можела да одлучи што попрво да слушне. Исто така, желно присакувала да го слушне моментот кога Марија и Брена ќе пеат заедно.
-Верувам дека публиката ќе пее во глас и тоа она навистина го заслужува, изјави меѓу другото Јелена, која за оваа прилика избра провиден црн фустан, кој ја покажа нејзината одлична фигура.
Како што често знае да направи во јавноста, погледот го сокри под големите очила за сонце, а на концертот влезе со собрана коса и високи потпетици.