Фокус бенд најавуваат нови песни и подготовка на албум. Во моментов работат на двете песни “Далеку од дома” и “Горам по тебе”, на кои како комплетен автор се потпишува Далибор Даки Ѓошиќ. Тие при гостувањето потенцираа дека следните нивни видеа ќе ги работи ИН Продукција.
Фокус бенд деновиве гостуваа во ИН Продукција, каде ги отпеаа нивните два хита “Балкан нека гори” и “Свадба е голема”. Тие при гостувањето истакнаа дека во моментов работат на подготовка на уште две нови песни.
-Работиме на две нови песни, во студиото на Љупчо Соколовски-Бубе. И тие песни се дело на Далибор Даки Ѓошиќ. Насловите се “Далеку од дома” и “Горам по тебе”. Планираме со вашата продукција ИН, да направиме квалитетни видеа и за двете песни.-истакна Драган Ѓоргиевски, гитарист.
“Далеку од дома” е печалбарска песна, наменета за сите македонци кои живеат далеку од родната земја Македонија и копнеат по нивниот крај. Од бендот најавуваат и нов албум за скоро време.
-Албум имаме веќе, насловен е “Жедни за мерак”, којшто содржи дванаесет песни, од кои една обработка на песната Каранфило фил фило, а другите се наши песни. Сега здравје боже планираме и нов албум, песна по песна да направиме ново цд.-додава тој.
Инаку, Фокус бенд постои веќе 18 години на македонската естрада, а се состои од шест членови. Покрај тоа што се познати по нивните бројни настапи низ земјава, тие имаат и голем број фестивалски настапи.