Пејачите кои сакаат да остварат музички успех, треба да ги следат модерните трендови. Според Влатко Алексовски музичарите мора да снимаат квалитетни песни со исклучиво проверени аудио и видео продукции.
Влатко Алексовски со став дека музичарите треба да ги следат модерните трендови. Тој вели дека пејачите мора да снимаат квалитетни песни и спотови, пред се, со проверени аудио и видео продукции.
-Публиката мене не ме препознава како исклучиво фестивалски пејач, а фестивалите како отскочна даска во шоу бизнисот беа во раноте 90-ти години. Така да, во последно време, моето видување е дека секој интерпретатор којшто сака да биде забележан и да направи музички успех, мора малку да ги следи модерните музички трендови, а тоа се квалитетна аудио и видео продукција. Без видео запис, без снимање спотови неможе да биде песната доловена и да допре до душата на слушателот.-истакна Алексовски.
Кога станува збор за фестивалите во нашата земја, според фолкерот, подобро и пореално би било доколку истите би биле од ревијален, наместо од натпреварувачки карактер.
-Се е релативна работа, нема ништо реално на денешницава. Но сепак сметам дека еден фестивал многу пореално би било да биде од ревијален карактер, отколку натпреварувачки, бидејќи се работи за различни музички вкусови поготово кога се работи за жири од три члена, а имаме 20 изведувачи со различни песни и интерпретации, различни аранжмани и стилови. Тројца луѓе, секој од нив си има свој вкус, па многу е неблагодарно да селектира одредена песна којашто според нив е номинирана да биде победничка песна, а во меѓувреме можеби таа песна ќе отиде во заборав. Некоја пак која била на маргините на тој фестивал ќе стане мега хит.-додава тој.
Тој додава дека кај музиката нема правила, а впрочем еден автор, еден пејач, изведувач, композитор доколку ја знае формулата за хит тогаш би имале милиони хитови.