Благица Павловска : Драго ми е што Елена се одлучи за мои песни, таа ќе ги донесе на нејзин својствен начин !

Please follow and like us:
Pin Share

Елена Јовческа препеа две песни од Благица Павловска. При нивното заедничко гостување во ИН Продукција Благица истакна дека за неа е големо задоволство што младата фолкерка Елена ги одбрала токму нејзините песни.

Деновиве беа промовирани најновите преработки на Елена Јовческа. Овојпат станува збор за две песни од фолк дивата Благица Павловска, кои не се доволно промовирани пред јавноста, а целта според Јовческа е заживување на истите.

-“Каде после мене” е многу убава песна која ја слушав уште одамна, а “Доктори сто да ме лечат” е песна којашто ја има Благица, меѓутоа не се пее толку често и не е слушана доволно. Сакав да ја испеам со цел нормално да заживее повторно таа песна, затоа што станува збор за многу убава песна, којашто мене ми е многу драга и затоа се одлучив.-истакна Јовческа.

-Драго ми е што Елена се одлучила за мои песни и секако таа ќе си ги донесе на нејзин својствен начин. Интересно е и атрактивно, тоа што е во живо е интересно. Јас на пример имам снимки што некогаш на времето кога сум пеела во кафана ги снимавме со обичен касетофон и многу е интересно да се зачувани тие снимки иако не се со ваков квалитет како што сега се снимаат песните. Дојде време се што е во живо е поубаво за слушање, затоа што е дел од атмосферата сега во моментов.-вели познатата фолк дива, Благица.

Павловска при гостувањето во емисијата Промо ни откри дека добила понуда да сними повеќе нејзини песни заедно со познат бенд и се разбира со изведба во живо.

Please follow and like us:
Pin Share