Пинк избрана за најубава жена во 2018 година

Please follow and like us:
Pin Share

Светски познатата пејачка Пинк е избрана за најубава жена во 1028-та година.

Иако ни сама не може да верува, пејачката Пинк, по избор на магазинот „Пипл“ е избрана за најубава жена во 2018 година.

Угледниот магазин ја прогласи за најубава, а нејзини претходнички биле Џулија Робертс, Никол Кидман, Кејт Хадсон.

Токму затоа овогодинешниот избор предизвика бројни реации – од оние кои се пресреќни што една карактерна и борбена жена со сите свои мани е избрана за најубава до оние кои мислат дека овој избор во најмала рака е смешен.

Пинк сепак не се лути на разните коментари, па својот став го кажала за време на гостување во една емисија.

-Умирав од смеење кога слушнав дека изборот паднал на мене. Веднаш им се обратив на сите кои беа со мене во просторијата и ги прашав дали некогаш помислиле дека може подобро од ова, вели Пинк.

 

Please follow and like us:
Pin Share