Момците од “Дрим тим” периодов се во интензивни подготовки на својот нов материјал. Како што појаснува вокалот Дејан Николовски –Чуле веќе се снимаат новите песни за набрзо да бидат промовирани пред публиката.
-Периодов сме влезени во студио и снимаме нови песни. Имаме нови песни ама некако ни недостасува време. Верувајте да го сработиме сето тоа како што треба работиме полека, одиме етапно, постепено но ќе има ново во наредниот период, истакнува Дејан.
Тие веќе го највуваат и својот нов албум.
-Албумот го најавуваме одамна , го најавувам и јас мојот солистички албум со новокомпонирани песни. Имаме нови песни со “Дрим тим” заеднички. Имаме некои преработки , “Етно Балкан” исто така го спремаме, некои кафански сплетови, имаме доста материјал, интересни работи, додава Чуле.
Сепак со оглед на нивните преголеми работни ангажмани се помалку останува време за заеднички да се посветат на музиката но сепак како што додава Чуле, мора да се пронајде и време да се завршат отпочнатите музички елементи со цел добивање на финалниот проеизвод. Дејан помеѓу другото го најавува инеговиот нов солистички албум, кој треба да излезе со нови авторски песни.
