Почина Кит Флинт, фронтменот на „Продиџи“

Please follow and like us:
Pin Share

Кит Флинт, легендарниот фронтмен на бендот „Продиџи“ почина на 49 години во неговиот дом, пишуваат странските медиуми.

Полицијата стигнала во домот на музичарот во Есекс во 8 часот утрово, откако било пријавено дека „постои загриженост за неговата добросостојба“, објави Guardian.

Флинт бил најден мртов во куќата и полицијата соопшти дека не го водат смртниот случај како сомнителен.

Флинт стана едно од лицата на музичкиот правец бритпоп во 90-тите кога со неговите енергични настапи и впечатливи фризури ја освои публиката ширум светот.

Семејството уште ја нема потврдено веста.

Please follow and like us:
Pin Share