Марјан Коцев набрзо со шестиот концерт од вкупните 25 јубилејни концерти годинава

Please follow and like us:
Pin Share

Годинава има една голема мисија која се надева дека ќе ја реализира. Фолкерот Марјан Коцев својата јубилејна кариера од 25 години на македонската музичка сцена, одлучи да ја одбележи со исто толку и концерти во оваа 2019 година. Искрено верува и се надева дека тоа ќе му се исполни, а според реалната агенда најверојатно тоа и ќе се случи бидејќи веќе течат неговите настапи надвор од нашата земја.

-По враќањето од Австралија одма почнав со нови договори тука низ Европа. Има најави за Америка за крајот на оваа година, така да се надевам дека ќе се исполни онаа бројка од 25 концерти. Сега следуваат за 8-ми Март во Словенија во Јесенице. Следниот викенд сум заедно со групата “Молика ” и Анета  на една голема спектакуларна вечер во Швајцарија, каде што самиот клуб од Берн слави 30 години , а јас 25 така да ете заедно се поклопивме, така да тоа ќе биде шестиот мој по ред концерт од овие 25, така да натаму со време и со ред ќе бидат запознаени сите гледачи, истакнува Марјан.

Ваквата идеја на Марјан се јавила по минатогодишниот втор солистички концерт кој го реализираше во Македонската опера и балет, каде местото беше преполно со негови обожаватели и фанови.

-После тоа реков што сега за 25 години од мојата кариера? Така малку се подзапрашав самиот себе си. Нема да биде еден, два или пет туку 25 концерти и тоа на сите места каде што сум бил и каде што не сум бил досега. Сакам да се оствари таа цел така да ставена е во книгата на исполнување на животни цели и полека се остварува и се надевам дека ќе биде до крај, до она 25 да се заокружи, вели Марјан.

Во месец март, Марјан ќе го реализира шестиот по ред концерт при што му преостануваат уште 19 концерти ширум Европа, а со оглед на неогвата преполна агенда и договори нема сомнеж дека замислената цел на Марјан нема да се оствари.

Истовремено тој работи и на нови песни и нови албуми на полето на творење македонска песна.

Please follow and like us:
Pin Share