Светски познатата пејачка Мараја Кери, го продаде свршеничкиот прстен вреден 10 милиони долари. Според медиумите таа наводно го продала за 2,7 милиони долари.

Пејачката Мараја Кери и нејзиниот некогашен свршеник Џејмс ја раскинаа нивната свршувачка, а Мараја не сакаше да го врати прстенот вреден 10 милиони долари, па сега одлучи да го продаде.
Парот ја раскина веридбата и ја откажа свадбата во 2016 година, а оттогаш траеше спорот околу вредниот накит, пренесува „People“.
Кога ја раскинааа свршувачката Џејмс сакаше прстенот да му биде вратен. Меѓутоа, Мараја не сакаше да го врати, па дури и го носеше на некои јавни случувања.

Како што пишуваат странските таблоиди, наводно таа го продала за 2,7 милиони долари, но инсистирала златарот да потпише договор за тајност.
