Дуа Липа ќе се проба како креатор

Please follow and like us:
Pin Share

Една од најмодерните жени, пејачката Дуа Липа одлучи да се проба како креатор. Нејзината нова линија како што соопшти таа ќе одговара на жените со сличен стил на нејзиниот.

Поп пејачката Дуа Липа случајно или не, со својот стил успеа да диктира мода и да собере следбеници кои сакаат да го копираат нејзиниот стил.
Таа неодамна на нивно огромно задоволство објави дека ќе се проба во светот на модата како дизајнер. Пејачката соопшти дека нејзината нова линија е дизајнирана да одговара на жените со сличен сензибилитет и стил на неа, како и на нејзините обожаватели.

„Создавам облека што одразува сила и бестрашност, но исто така, која одговара со брзината на денешницата”. Звучи интересно, нели?, рече Липа.

Во соработка со компанијата „Ниден“ Липа работи на нова колекција. И покрај тоа што и двете страни во меѓувреме ги чуваат во тајност своите дизајни, тие објавија дека понудата ќе бидe „без сезона“ и унисекс, со колекција која ветува широк спектар на модели.

Please follow and like us:
Pin Share