Јошка живее во Австралија, но сеуште ја негува македонската песна

Please follow and like us:
Pin Share

Откако се пресели во Австралија, Јошка продолжи да работи со музика и настапува низ повеќето градови каде што ги има македонците. Важи за голем промотор на македонската песна.

Николче-Јошка веќе две години живее во Перт, Австралија. Тој неодамна ни гостуваше во студиото на ИН Продукција каде што ни раскажа како поминуваат неговите работни  денови таму. Исто како и во Македонија, тој и во далечната земја се занимава исклучиво со музика, а настапува ширум цела Австралија, во сите градови каде што ги има нашите македонци.

-Ете веќе две години живеам во Перт. Настапувам низ цела Австралија, кај сите наши македонци. Соработувам со повеќе бендови и еве ќе ја искористам оваа прилика да упатам апел до сите музичари кои што сакаат соработка со мене слободно кога сакаат нека го завртат мојот број, ви стојам на располагање и можеме да работиме во секој град во Австралија.-истакна познатиот пејач, во интервјуто за ИН ТВ.

Јошка важи за голем промотор на македонската песна и има широк репертоар на музика. Тој вели дека младата публика во Австралија има различен вкус, а Јошка и неговиот бенд ги задоволуваат нивните барања.

Доста барани на неговите настапи се и неговите песни, “Ти си никоја” и “Давај гас”.

-Ние се трудиме најповеќе да ја форсираме македонската песна, бидејќи ако не ја форсираме ние, нема кој. Како што знае и пошироката јавност јас пеам секакви песни, морам да пеам се, но најмногу си ја пеам нашата македонска песна. Кога свириме балкански вечер и кога се свири во дискотеките во Перт младите бараат секакви песни. Доста често ги бараат и моите песни, но и хитовите на моите колеги. Мојата песна Ти си никоја, сите ја знаат и најчесто таа се бара и Давај гас, таа е веќе хит и сите ја сакаат.-додава тој, при интервјуто.

Инаку, неговиот престој во Македонија во летниот период Јошка го искористи за да оствари и неколку настапи низ локалите, но и за снимање на два видео проекти со македонски песни, кои што се отсвирени и отпеани во живо.

Please follow and like us:
Pin Share