
Бајрам Рамаданоски е средношколец во Државното музичко училиште во Битола, на отсек класика. Тој е син на познатиот виолинист Џеват Рамаданоски, а несомнено тргнува по стапките на својот татко.
Пред извесен период, членовите на познатата група Чардак од Охрид со спектакуларен концерт одбележаа јубилеј од 20 години постоење на македонската естрада. На концертот настапија голем број нивни колеги и музички соработници, а дел од Оркестарот беше и младиот и талентиран Бајрам, кој воедно е син на познатиот виолинист Џеват Рамаданоски.
-Сакам да го споменам и мојот син, кој истотака беше дел од Оркестар на нашиот јубилеен концерт. После концертот тој некако започна со поголем интерес да ја гледа народната музика. Тој е средношколец во Државното музичко училиште во Битола, свири класика. Јас го терам повеќе да вежба класика, меѓутоа тука е и народното, така да не можам ништо да направам, тоа е сепак негова желба.-истакна Џеват, при гостувањето во ИН ТВ.
Младиот Бајрам, несомнемо цврсто чекори по стапките на својот татко, па не се исклучува можноста во иднина да излезе и некое нивно заедничко музичко дело.
Инаку, материјалот од јубилејниот концерт е скоро готов, а од Група Чардак велат дека ќе има аудио и двд издание од истиот.