Зеки Бекироски подготвува нови дела и албум

Please follow and like us:
Pin Share

Клавијатуристот Зеки Бекировски периодов беше сконцентриран на промоција на неговото второ дело “Авантура”. За следниот период најавува уште неколку музички дела, но и албум.

Младиот музичар Зеки Бекироски пред само краток период го промовираше неговото второ интрументално дело кое носи наслов “Авантура”. Видеото беше премиерно емитувано на сателитската ИН ТВ, а истото добива доста позитивни коментари од јавноста. Зеки при гостувањето во ИН Продукција истакна дека веќе работи и на нови проекти, а во следниот период планира да сними уште еден спот.

-Па веќе се во изработка следните проекти. Некои се веќе и завршени само се чека да се сними после овој проект и нов спот. Секако дека одиме понатаму, после ова ќе снимаме повторно мислам дека за месец или месец и пол, така сум договорен.-истакна Бекироски, во интервју за ИН ТВ.

Тој се надева дека ќе успее да сними уште неколку интрументални дела, а за во иднина најавува и самостоен албум.

-Претходно исто снимав со друга продукција, тоа беше минатата година. Ова е мој втор проект кој што се сними, па се надевам дека ќе има уште многу следни дела, но и целосен албум за во иднина дај Боже.-открива Зеки, за естрадниот магазин Естрада плус.

Инаку, спотот за делото “Авантура” се снимаше на повеќе локации низ Охрид и на автопатот Кичево-Охрид. Инструменталното дело има брз ритам и е во интересен регетон ритам.

Please follow and like us:
Pin Share