Благојче Стојановски со бројни импресии од Анталија

Please follow and like us:
Pin Share

Летниот одмор го помина со неговото семејство во Анталија. Но, откако малку се одмори продолжија неговите ангажамани, а во моментов Благојче Стојановски Туше е во Австралија, каде што ќе остане две недели.

Иако е презафатен со ангажмани и настапи во текот на целата година како во Македонија, така и надвор од нашите граници, Благојче Стојановски Туше секогаш знае да одвои време за одмор со своето семејство. И ова лето, тие се одлучија летниот одмор да го поминат на едно од најпознатите туристички места, Анталија во Турција. Благојче во интервју за ИН ТВ ги сподели импресиите од ова патување.

-Откако се вратив од Австралија, тука сум веќе 10 години и во тој период осум пати сме биле на летен одмор во Анталија. Навистина многу ми се допаѓа бидејќи е туристичка атракција, го има сето она што јас го барам. Пред се, чистота, занимации за децата, вкусна храна, добро сместување, се е на ниво. Не сум љубител на полнење кола со јадење и пиење и замини на одмор, туку едноставно плати и таму уживај.-раскажува Стојановски, при гостувањето во ИН Продукција.

Пред нивното заминување за Анталија, заедно со неговите синови кои тренираат фудбал, беа на фудбалски камп во Копаоник. Пејачот вели дека навистина убаво се одморил на ова планинско место и дека сака повторно да го посети во следниот период.

-Да, таму бев на одмор во планина. Значи пред да заминиме за Анталија бевме на одмор таму, но имавме и обврски со моите деца затоа што играат фудбал. Бевме на камп од Партизан од Белград и таа прилика ја искористивме за одмор на планина малку и што верувам дека ќе ми стане пракса од годинава па натаму.-вели тој.

А кога станува збор за неговите ангажмани, Благојче на 7-ми септември беше во Данска, а веќе пристигна и во Австралија каде што ќе остане до 23 септември. По враќањето во Македонија, продолжуваат настапите на семејните прослави, но секако преостанува и снимањето на уште еден дел од видеото за неговиот голем хит “Зелени очи”. Спотот го работи ИН Продукција.

 

Please follow and like us:
Pin Share