
Лени Партикова најавува снимање на кавери. Таа вели дека репероарот сеуште не е готов, но секако дека ќе бидат убави македонски песни.
Убавата русокоса Лени Партикова, летниот период го помина доста работно. Таа продолжува да работи со полна пареа, а есенскиот период ќе го искористи за снимање нов материјал, а најавува и кавери на познати македонски песни.
-Па за народни песни, сега ќе има се надевам различен репертоар, уште не знам точно што ќе се избере, меѓутоа како и да е се надевам дека ќе бидат убави и добри, па ќе ги снимиме со вашата убава продукција. Мислам дека тоа би било за околу два месеци.-открива Партикова, за естрадниот магазин Естрада плус.
Ова лето за неа го одбележаа бројните ангажмани ширум Македонија, а периодов е во преговори за настапи низ скопските локали.
-Во преговори се некои локали низ Скопје, сум работела во многу од локалите, така да, каде и да и дадат понуда сигурно низ Скопје ќе бидам во некои од локалите да ме видат. Луѓето што ме следат и што секогаш позади мене, што се на моите свирки обично ги гледаат објавите и се присутни на моите настапи. Вратница секако дека ќе продолжам со Фантастико бенд секој петок да бидам таму во Тетово, а за друго ќе видиме понатака. Сигурно ќе следи и некој фестивал.-додава таа, при интервјуто за ИН ТВ.
Лени често настапува и на фестивалите низ нашата земја. Таа на 27ми август беше дел од “Лешочкиот Фолк Фестивал”, а имаше и настап на годинешното издание на “Охрид фест-Охридски трубадури” на поп вечерта.