Сашко Ристески најавува нови музички дела

Please follow and like us:
Pin Share

Познатиот виртуоз на хармоника, Сашко Ристески за следниот период подготвува нови инструментални дел. Тој ни открива дека веќе е готов и целосниот албум за негов колега.

Сашко Ристески изминатиот период го промовираше неговото најново инструментално дело кое што е насловено “Дивал инструментал”, со кое воедно ја презентираше неговата нова хармоника. Но тој тука не запира, покрај снимање на нов материјал за него, Сашко најавува и нови дела за неговите музички соработници.

-Имам преговори со неколку пејачи,  меѓутоа тоа ќе биде малку подоцна. А веќе имам подготвено еден целосен албум за наш драг колега, но и за тоа повеќе детали ќе откриеме за скоро време.-истакна Сашко, во интервју за ИН ТВ.

Пред извесно време во студиото на ИН Продукција беше промовирано делото “Другарско оро” од Пеце Стојчески, за кое музиката ја направи токму Сашко.

Музиката за “Другарско оро е дело на Сашко, со мали измени од моја страна. Го ставивме ова име бидејќи сме другари, колеги и не сакавме да комплицираме со различни имиња. Се потрудивме орото да биде убаво и весело. Планот ни е да не запираме тука, одиме понатаму. Планираме да направиме и цд кое ќе биде насловено Балканско бидејќи ќе има примеси од соседството.-изјави Пеце, при неодамнешното гостување во ИН Продукција.

Во проектот беа вклучени Марјан Трајкоски-бас гитара, Тоде Илиоски-гитара, а делото е снимено во студиото “Про Саунд” кај Славко Ристески.

Тие велат дека коментарите за ова заедничко дело, кое претставува отскочна даска за Пеце, се навистина доста позитивни, па за следниот период ветуваат и многу  нови композиции за нивните фанови.

Please follow and like us:
Pin Share