
“Опасно е” е насловена најновата песна од Ирена Спасовска за која што во текот на месецов ќе сними и спот. Покрај оваа песна, познатата фолк пејачка најавува уште неколку нови од кои и еден дует со нејзин колега од македонската естрада.
Добропознато е дека таа никогаш не мирува. Познатата фолк пејачка Ирена Спасовска, иако имаше бурно лето проследено со бројни ангажмани низ целата земја, успеа да сними и нова песна која што носи еден доста интересен наслов “Опасно е”. При интервју за ИН ТВ, Спасовска истакна дека оваа песна ќе си добие спот, но не ја исклучува можноста овој месец да сними уште неколку нови песни.
-Нова песна веќе имам, насловот е “Опасно е”, за која што во месец септември ќе снимам и спот. Сакав да го снимам летово, но поради големите горештини и моите бројни ангажмани, не можеше тоа да се оствари. Сега ќе бидам послободна и обавезно септември снимам уште една нова песна, најавен ми е дует со еден колега кој што засега ќе остане во тајност, па можно е да има уште една песна и мислам дека три песни се доволно за оваа година.-
Спасовска за гледачите на ИН ТВ открива дека во моментов течат преговорите за нејзина турнеја во Австралија, на огромно задоволство на сите нејзини обожаватели, наши македонци кои живеат во оваа далечна земја. Но, се разбира дека нема да изостанат и неколкуте кратки турнеи низ Европските земји.
-Во преговори сум за турнеја во странство, поточно за Австралија околу Нова Година можно е имам некои најави. Европа ќе има секако, а тука се и моите популарни “Сити брејк” тури, на кои што сум јас навикната да си шетам, ќе ми биде забавно и динамично само здрава и жива.-
Последните денови од месец август, Ирена ги искористи максимално работно. Таа настапи на Изборот на “Летен Фолк Хит” во Општина Новаци, имаше настап и во Свети Николе, а на 27-ми август во нејзината музика имаа можност да уживаат жителите на С. Ботун кое што се наоѓа во Охридскиот крај.