
На 6-ти септември, пејачката Лени Партикова ќе настапи на познатиот фестивал “Охрид Фест-Охридски Трубадури” на поп вечерта. Лени најавува прекрасна балада со која ќе ги освои срцата на публиката.
Лени Партикова се подготвува за настап на овогодинешното издание на престижниот фестивал “Охрид Фест-Охридски Трубадури”. Таа во интервју за ИН ТВ открива дека годинава ќе настапи на поп вечерта, со една прекрасна балада.
-На Охрид Фест ќе настапам во забавниот дел, а се работи за една многу убава балада која ја направи Горан Милошески. Ќе ја слушнете, ќе имате прилика на фестивалот. Настапуваме поп вечерта на 6-ти септември и ќе откријам само дека се работи за балада. За песната нема да можам сега да ви откријам како се вика, ќе видите на фестивалот.-изјави Партикова, за естрадниот магазин Естрада плус.
Кога станува збор за нејзините ангажмани во летниот период, Партикова ни откри дека ова лето навистина поминало доста работно за неа.
-Ова лето беше многу напорно, работно заедно со бендот “Амбасадор” нон стоп сме со прослави, со “Фантастико бенд” и со Игор од Ѕвезде Гранда обично сме во Вратница, секој петок настапуваме тука во Тетово и насекаде каде што ќе ме викнат и каде што треба забава јас сум тука.-додава таа, за гледачите на ИН ТВ.
За есенскиот период, Лени е во преговори за настап во некои од локалите и рестораните низ Скопје, па за сите нејзини следни ангажмани, јавноста ќе биде информирана преку социјалните мрежи.