“Маестралци” со полни раце работа до месец ноември

Please follow and like us:
Pin Share

Работат со полна пареа, а нивните ангажмани и веќе закажани фамилијарни прослави не стивнуваат. Оркестар Маестрал активно имаат работа уште добри четири месеци.

И покрај тоа што летниот период веќе завршува, нивните ангажмани не престануваат. Оркестар Маестрал имаат закажани свадбени прослави, како што велат до крајот на месец ноември.

-Па некаде отприлика во средина сме на сезоната со свадбите, од после Велигден, значи имаме уште добри четири месеци работа. Имаме неколку дена одмор и слободно време и сега во септември, октомври и до крајот на ноември да ги завршиме свадбите, па после ќе видиме што ќе биде.-вели вокалот на бендот, при неодамнешното интервју за ИН ТВ.

Тие за првпат настапија на годинешното издание на Избор за “Летен Фолк Хит” во Општина Новаци, со нивната најнова песна “Отвори мајко порти широки” и ги освоија најголемиот број гласови од публиката во категоријата за најдобра фолк група.

-Песната ни е нова, снимена е пред Нова Година. Ветивме дека ќе дојдиме и дека ќе ја промовираме кај вас во ИН ТВ, но поради тоа што имаме премногу ангажмани се извинуваме, но стоиме на зборот дека ќе дојдиме.-додава тој.

Тие несомнено се едни од најдобрите групи во земјава, а доказ за тоа се и големите хитовски песни кои што ги имаат зад себе во нивните 30 години постоење на музичката сцена.

Во продолжение погледнете го нивниот настап на Изборот за “Летен Фолк Хит” !

 

Please follow and like us:
Pin Share